Како да се биде претприемач во 2030 година

- Advertisement -

Доколку планирате да отворите бизнис во наредните 15 години, не само што технологијата ќе се смени, туку ќе се сменат и младите иноватори и изумители. Еве некои предвидувања за тоа што ќе се случува

Технологијата ќе продолжи да се развива, но исто ќе се менуваат и психологијата на претприемачите и на нивните клиенти. Пред дваесет години во весниците сE пишуваше како да се користат звучните системи за подобрување на имиџот и продажбата, зошто треба да имате реклами на кабелска телевизија, како да одржувате добра корисничка поддршка преку писма, картички или телефонски повици итн. Сето тоа од денешна перспектива изгледа смешно затоа што технологијата се менува многу брзо.Сепак, ретко се потсетуваме на тоа што сме имале порано. Особено малку размислуваме за тоа како се сменил нашиот ментален склоп. Доколку планирате да отворите бизнис во наредните 15 години, не само што технологијата ќе се смени, туку ќе се сменат и младите иноватори и изумители. Еве некои предвидувања за тоа што ќе се случува.

Ќе нема опсесија со социјалните медиуми
Денешните претприемачи или пораснале во доба на социјални медиуми или се навикнале постојано да ги користат. Нашиот имиџ на социјалните медиуми го култивираме до тој степен што најмуваме професионалци да менаџираат со платформите наместо нас. Тоа во иднина веројатно ќе се смени затоа што новите дипломци веќе не се грижат за нивниот онлајн имиџ. Во едно истражување на повеќе од 1.000 луѓе на возраст од 20 до 25 години најголем дел од испитаниците изјавија дека нема да преземат ништо за нивнит профили на социјалните медиуми да бидат попривлечни за работодавците, а 86% не сакаат да направат лажни профили само за да добијат пдообра работа. Идните претприемачи помалку ќе се гиржат за својот имиџ отколку за успехот на бизнисот – тие ќе знаат да го издвојат својот имиџ од имиџот на компанијата.
Дома ама сепак не дома
Дали денешните претриемачи заборавија на физичките бизниси? Оналјн шопингот е лесен, клиентите можат да внесат модел на автомобил што го бараат на Amazon и дома да им биде доставено се. Тоа е одлично, но младите, сепак, сакаат да одат на вистински шопинг. 50% од миленијалците преферираат да купуваат во физички продавници, додека истовремено постојано се присутни на Интернет и прават други работи симултано: гледаат ТВ, работа, разговараат со пријатели итн. Наредните генерации ќе бидат успешни кога ќе ќе престанат да прават разлика меѓу шопингот онлајн и во продавница. Тоа ќе биде еден континуиран процес кој можби ќе почне онлајн, а ќе заврши во продавница.

Поддршка за претпримачите – барем додека не пораснат премногу
Желбите на миленијалците уништуваат многу индустрии. На пример, тука спаѓаат индустриите за пиво и за јогурт. Додека миленијалците креираат фама за многу нови работи како што се фитнес часовите или некои други новини, други спортови како голфот се забораваат. Дури и познатите производители на брендови како Harley-Davidson, кој зазема 50% од пазарот за големи моторцикли во САД, минатаа година забележаа пад на продажбата. Иако миленијалците сакаат да вежбаат, не ги сакаат стандардните сали за вежбање. Што е заедничко во сите тие трендови? Миленијалците кои поразнаа за време на рецесијата не сакаат на очигледен начин да го истакнуваат своето богатство. Тие сакаат да се докажуваат така што ќе откриваат нови работи. Тие не скаата двапати да трошат пари на иста работа. Во 2030 година ќе биде полесно да се лансира стартап затоа што идните генерации нема да се плашат да ризикуваат да пробаат нови производи. Кога еден нов бренд ќе почне да се етаблира, веројатно ќе биде сменет за нешто ново.

(Entrepreneur)

 
Сподели!
- Advertisement -