Експанзија на е-трговијата во Европа

- Advertisement -

Во малопродажната е-трговија на стоки за широка потрошувачка, во последно време има многу новитети

Големата вест во малопродажната е-трговија е аквизицијата на американскиот пазар меѓу „Амазон” и „Хол фудс”. Иако „Хол фудс” има само неколку продавници во Велика Британија, договорот на „Амазон” ќе му донесе понуда од 365 органски и природни брендови низ цела Европа. Во меѓувреме, „Амазон” ги објави плановите за изградба на логистички центар во Шпанија, за да им биде на располагање на клиентите од Стариот Континент.

Изминатиот период, на интернет се појавија и бројни други вести. „Теско” овозможува испорака на нарачките истиот ден во Обединетото Кралство. Во Холандија, „Алберт Хеин” соопшти дека речиси една четвртина од милион корисници редовно нарачуваат производи на интернет, додека „Шпар” лансираше подобрена интернет-платформа.

- Advertisement -

„Росман” веќе нуди повеќе од 5.000 производи како дел од услугата „Амазон прајм нау” во германскиот главен град Берлин. Интернет-продажбата на прехранбени производи во Германија се зголемила за 29% на 272 милиони евра во вториот квартал годинава. Во Финска, трговецот СОК вели дека неговата продажбата преку интернет се зголемила за околу 50% во однос на минатата година.

(InSTore)

Сподели!
- Advertisement -