Во свет каде што залудно се фрла многу енергија вредните обновливи извори исчезнуваат без некој да забележи. Научници од Универзитетот Колумбија работат на добивање енергија од испарувањето на водата. Според Озгун Сахин од Универзитетот Колумбија, од испарувањето на водата само во САД може да се добијат 2,85 милиони мегават-часови струја годишно, што е доволно за да се задоволат 2/3 од потребите на САД. Исто како што соларната енергија се разликува од држава до држава, енергијата којашто може да се собере од испарувањето ќе ги надмине потребите за струја во 15 од вкупно 47 држави кои учествувале во анализата на Универзитетот. Потенцијалот за добивање струја од испарувањето е огромен, но претворањето на испарувањето во енергија е голем предизвик. Многу дизајни вклучуваат мотори кои се поставуваат над слатководни површини, иригациони полиња, стакленици или засолнети заливи. Прототиповите на Универзитетот Колумбија се составени од материјали кои се собираат како што се сушат, вклучувајќи и ленти прекриени со бактериски спори.
„Тие функционираат како мускули. Можат да вовлекуваат и да туркаат со огромна сила“, вели Сахин. Прототиповите ги користат и промените на влажноста за да ги добијат посакуваните резултати. Еден прототип на врвот има капак кој се отвора и се затвора во зависност од влажноста во моторот. Системот овозможува генерирање зелена енергија дури и ноќе, кога природното испарување е помало поради пониските температури.
Добивањето обновлива енергија од испарувањето на водата уште е во рани фази од истражување и некои научници се сомневаат дека ќе биде исплатливо. Сепак, Сахин предлага моторите за добивање енергија од испарувањето да се прават од биолошки материјали за да бидат поевтини и полесно разградливи од соларните панели. Друг фактор кој треба да се земе предвид е широката примена која може да ја имаат моторите за испарување. Научниците од Колумбија проценуваат дека ќе има значително помало испарување доколку поголеми површини се покријат со такви мотори.
Бидејќи многумина го сметаат биоеинженерингот за потенцијално решение за климатските промени, ваквите мотори имаат голем потенцијал.
(Inhabitat)