Оксфорд до 2035 година ќе стане првата зона без емисија на штетни гасови во светот

- Advertisement -

Окфорд ќе ги забрани возилата на бензин и нафта од центарот на градот до 2035 година и тоа веројатно ќе стане првата зона без емисија на штетни гасови во светот. Целта на предлогот е да се намали загадувањето во историскиот универзитетски град, каде што нивото на отровнио азот диоксид во некои места е над дозволената граница.

Според плановите, забраната ќе се спроведува во фази. Најпрвин ќе важи за такси возилата, потоа за лесните комерцијални возила, па за автобусите на некои улици до 2020 година. Како што се развива технологијата за возила, зоната со нула емеисија на штетни гасови ќе се прошири на сите типови возила до 2035 година.

- Advertisement -

Забраната веројатно ќе резултира со намалување на загадувањето со азот диоксид за 3/4 до 2035 година. Во рамките на предлогот се и намалени цени за паркинг за електрични возила, зони само за електрични такси и области каде што достава ќе се врши само со електрични возила.

Градот веќе има добиено 660.000 долари од владата за инсталирање на станици за полнење за електрични такси и 1 милион долари за инсталација на станици за полнење за жителите. Сепак, властите велат дека ќе биде потребна поголема поддршка за да се создаде зона без емисија на штетни гасови.

- Advertisement -

(DailyMail)

Сподели!
- Advertisement -