5 квалитети со кои ќе се истакнете пред работодавачите

- Advertisement -

Како што секој од нас некогаш искусил, навистина може да наидеме на потешкотии кога се обидуваме да го задржиме вниманието на работодавачите на денови на регрутирање или на интервјуа. Кога стотина кандидати ќе аплицираат за едно работно место, повеќе не е доволно само да се исполнуваат критериумите

Што е она што работодавачите ги интересира кај потенцијалниот нов вработен? Постојат пет карактеристики кои можат да остават најголем впечаток кога работодавачот треба да донесе одлука кого ќе вработи. Доколку покажете дека ги поседувате овие карактеристики, сигурно ќе се истакнете повеќе отколку конкуренцијата.

  1. Агилност и подготвеност за нови вештини. Во дигиталната ера, индустриите мораат да ја прифатат постојаната ситуација на промени и трансформација предизвикани од новите технологии. Како резултат на тоа, вработените мораат да бидат подготвени за брзи адаптации и за развивање на нови вештини. Ова се посебно однесува на хибридните работни места кои се во подем. Дефинирани како работни места кои бараат микс од технолошки и маркетинг вештини, хибридните работни места бараат денешниве таленти да имаат сет од вештини како менаџирање на дигитален производ или наука за податоците.
  2. Лидерство и развиени комуникациски вештини. Додека технолошките вештини и искуство се важни карактеристики кај кандидатот за работа, тие немаат компетитивен карактер. Работодавачите сакаат да вработуваат луѓе кои ќе покажат лидерски способности и кои можат да комуницираат ефективно со колегите. Ова особено се однесува на кандидатите кои сакаат да напредуваат во повисоки функции. Доколку покажете дека поседувате вакви меки вештини како комуникативност и способност тимска работа, работодавачот ќе сфати дека сте човек со визија за својот тим кој постојано ќе го инспирира.
  3. Ентузијазам и страст. Овие карактеристики дефинитивно ќе го задржат вниманието на работодавачот. Ќе покажат дека сте мотивирана личност која ќе носи резултати. Вештините секогаш можат да се научат, но страста за работата не може. Информирајте се за историјата и достигнувањата на компанијата или организацијата каде аплицирате, како и за нивната мисија и визија.
  4. Oдговарате на корпоративната култура. Ова е навистина важен фактор при вработувањето. За време на интервјуто ќе добиете прашања за да се види дали вашата мотивираност и вашите вредности одговараат на она што го пропагира компанијата. Вашите одговори можат да бидат одлучувачки за некои работодавачи. Но најважно е да бидете верни на самиот себе, па дозволете и искреноста да го направи своето.
  5. Долгорочно планирање. Работодавачите сакаат да вработуваат луѓе кои ќе се инвестираат самите себе во работата и кои ќе придонесуваат долгорочно кон компанијата, било преку напредување до повисока позиција или преку носење на нов сет на вештини и знаење. Еден начин како да им покажете на работодавачите дека се подготвувате за иднината и размислувате за потребите на компанијата е со ваше лично и професионално надоградување преку посета на курсеви или работилници. Со ова ќе покажете дека сте професионалец кој го вреднува постојаното надоградување.

(Recruiter)

Сподели!
- Advertisement -