Nestlé купи дел од ланецот на кафулиња во кои инвеститор е Боно Вокс

- Advertisement -

Швајцарската прехрамбена компанија Nestlé објави дека купила 68% удел во американскиот ланец на кафулиња Blue Bottle во вредност од 500 милиони долари.

Со ова, компанијата која беше основана пред околу петнаесет години, ја зголеми својата вредност на вкупно 700 милиони долари. Еден од инвеститорите во Blue Bottle беше и пејачот на музичката група U2, Боно Вокс, како и основачите на Twitter и Instagram.

До крајот на годината ланецот ќе брои 50 кафулиња во Калифорнија, Њу Јорк, Вашингтон, Мајами и Токио. Со ова купување, Nestlé им станува директна конкуренција на компании како Starbucks. Аквизацијата е во согасност со стратегијата на новиот извршен директор Марк Шнајдер за нови можности за проширување на пазари.

- Advertisement -

(poslovni.hr)

Сподели!
- Advertisement -