- Advertisement -
Градоначалничката на Париз, Ен Идалго, изјави дека до 2030 година, Париз треба да биде град без автомобили на бензин, а до 2024 година планира да ги укине и дизел автомобилите
Идалго рече дека целта е да се направи Париз да биде град без издувни гасови на долг рок, објавува францускиот печат.
Градоначалничата на Париз претходно изјави дека борбата против загадувањето на воздухот е приоритет. Во некои делови од Париз паркинг местаа се веќе намалени и има повеќе велосипедски патеки.
- Advertisement -
Иницијативата на градската власт веќе предизвика незадоволство кај граѓаните во периферијата на Париз, бидејќи тие најчесто користат автомобили како превоз до работа.
Париз и неговата околина имаат повеќе од десет милиони жители. Автомобилите најчесто се користат од страна на граѓаните на периферијата, а во самиот град најпрактично и најмногу користено е метрото.
- Advertisement -
(N1 Info)
- Advertisement -