Пред неколку дена во Исланд почна со работа првата фабрика во светот која елиминира повеќе CO2 од воздухот отколку што испушта. Пилот програмата може да отстрани 50 метрички тони CO2 од воздухот годишно. Гасовите не само што се заловуваат од воздухот туку се претвораат во варовник и во таа форма ќе останат најмалку 1 милион години.
Процесот функционира така што се заловува СО2 од воздухот со патентирани филтри на компанијата која стои зад иновацијата, Climeworks. Геотермалната централа потоа ги загрева филтрите и така се екстрахира јаглерод диоксидот. Кога СО2 ќе дојде во контакт со карпи од базалт веднаш формира цврст минерал. Со затворање на штетните гасови во минерални карпи потоа најмалку 1 милион години гасовите нема да се испуштат во атмосферата.
Проектот се уште е во пилот фаза, но научниците од Climeworks се оптимисти и планираат слични фабрики да се отворат насекаде во светот. Сепак, има некои предизвици при реализацијата на оваа визија. Најпрвин, процесот воопшто не е евтин. Од Climeworks проценуваат дека екстрахирање на само 1 тон СО2 од воздухот чини 600 долари.
Се очекува дека до крајот на годината ќе се достигне полниот капацитет на фабриката – 900 тони годишно, но тоа е еднакво на емисијата на CO2 на само 45 Американци. Сепак, од компанијата се надеваат дека ова е само очеток. Кристоф Гебалд, основач на и извршен директор на Climeworks, вели дека потенцијалот за скалирање на нивната технологија во комбинација со складирањето на CO2 е огромен.
До 2025 година компанијата сака да ги намали трошоците за 100 долари по тон и да заловува по 1% од годишната емисија на СО2. Нема детали како ќе се постигне тоа, но со инвеститори како Бил Гејтс и Европската вселенска агенција во ова истражување, многу е веројатно да се оствари.
(Inhabitat)