Како малите бизниси ги одржуваат среќни своите вработени?

- Advertisement -

Без разлика дали сте сопственик на мал бизнис или вработен, знаете дека има нешто посебно во работењето во мала средина. Од истражување во кое биле вклучени 1.000 вработени во мали бизниси, ги извлекуваме бенефитите кои ги прават среќни вработените во ваквите средини.

Мала компанија, но големи бенефити

67% од испитаниците одговориле дека работењето во мала компанија придонесува тие да се чувствуваат повеќе ценети. 72% одговориле дека она што би ги направило посреќни на работното место би било зголемување на бенефитите. Три од четири вработени во мали компании изјавиле дека се или многу задоволни или екстремно задоволни од работењето за сопственик на мал бизнис.

- Advertisement -

Како фактори кои најмногу придонесуваат кон среќата на вработените во мали компании, најмногу или 27% одговориле дека тоа е флексибилноста на работното време. 23% рекле дека тоа се брзите резултати од нивното работење, 17% чувството дека нивниот придонес има значење, 14% наградата за добрите резултати, 9% забележаноста од важни луѓе, 6% подобрување на вештините и 4% одговориле друго.

Друг начин како малите бизниси ги одржуваат вработените среќни е понудата на добри бенефити. 65% од испитаниците го сметаат за позитивен бенефитот на здравствено осигурување.

- Advertisement -

Позитивна работна средина

Да се работи за мала компанија, значи да се работи со помалку луѓе и во помало растојание, па токму ваквата работна средина кај вработените создава чувство на пријателство.

- Advertisement -

64% од испитаниците рекле дека среќата на вработените е или многу важна или екстремно важна за лидерскиот тим на компанијата. 59% пак рекле дека најмногу почитуваат кога работодавачот успеал да воспостави позитивна работна средина.

На прашањето колкав процент од нивната среќа вработените ја поврзуваат со фактот дека работат за мала компанија, најмногу или 46% одговориле дека одреден дел од нивната среќа на работното место зависи од тоа, 39% рекле дека најголем дел од нивната среќа на работното место зависи од тоа, 9% рекле дека работењето за мала компанија е целосната причина позади нивната среќа, а 5% рекле дека тој процент е многу мал.

Светла иднина

Без разлика кои се причината поради кои малите бизниси се посветени на своите вработени, едно нешто е сигурно: кај нив иднината секогаш делува светла.

56% од испитаните вработени рекле дека се чувствуваат оптимистички за иднината на компанијата за која работат.

Малите бизниси си имаат посебна атмосфера на работење. Тие можат да овозможат работно место каде вработените ќе се чувствуваат позитивно и ќе се почитуваат едни со други. Самиот факт дека се работи за релативно мала средина влијае на мотивираноста на вработените да придонесуваат повеќе и да добиваат повеќе лично задоволоство од работата.

(Inc.com)

 

Сподели!
- Advertisement -