Стив Возниjак, соосновачот на Apple, лансираше едукативна онлајн платформа

- Advertisement -

Стив Возниjак, кој го основаше Apple заедно со Стив Џобс, лансира своја платформа за онлајн технолошко образование, која ја нарекува Woz U, наменета за промовирање на технолошки работни места и вештини потребни за влез во индустријата. Со текот на времето, Возниjак се надева дека ќе ја прошири иницијативата за вклучување на околу 30 физички локации низ целиот свет и курсеви за сè, од софтверски инженеринг и информатичка технологија до развојот на мобилни апликации и сајбер-безбедност.

Woz U исто така ќе нуди пристап за технолошки компании заинтересирани за користење на алатки и ресурси обезбедени за регрутирање и обука на вработените. Освен курсеви, платформата ќе понуди и своја програма за акцелератори за потенцијалните основачи на стартапи. Главната цел е да се зголеми интересот за она што Woz U го нарекува STEAM кариери, или наука, технологија, инженерство, уметност и математика. Додавањето на уметноста најверојатно е во чест на Стив Џобс чија доживотна мисија беше да ја вклопи технологијата со хуманистичките науки.

- Advertisement -

„Нашата цел е да ги едуцираме и да ги обучиме луѓето за да стекнат дигитални вештини кои ќе им овозможат вработување без да ги ставаме во долгови“, рече Возниjак во соопштението. „Луѓето често се плашат да изберат кариера базирана на технологија, бидејќи сметаат дека не можат да го направат тоа. Знам дека можат и сакам да им покажам како. Целиот мој живот работев за градење, развој и создавање подобар свет преку технологијата и секогаш го почитував образованието. Сега е време за Woz U, и ние само што почнуваме.”

(Verge)

Сподели!
- Advertisement -