Програмата за споделување велосипеди во Стокхолм, која моментално вклучува 1.200 велосипеди, идната година ќе биде надградена со флота од 5.000 електрични велосипеди поради растот на побарувачката за повеќе локации и подолги периоди на изнајмување. Според надлежните во градот Стокхолм, велосипедите досега можеа да се изнајмуваат од 6 до 10 во текот на летото и минатата година биле искорисени 500.000 пати.
„Велосипедите ќе може да се изнајмуваат во текот на целата година 24 часа на ден. Затоа што се електрични со нив може да се поминат поголеми растојанија. Ќе бидат одлични и за тие што сакаат да патуваат на подолги и на пократки релации. Може да се користат максимум 3 часа, а ако сакате да ги користите до 12 часа, цената ќе биде малку повисока“, велат локалните власти.
Оваа програма за изнајмување велосипеди, луѓето кои редовно патуваат со велосипед ќе ги чини многу малку. Летниот сезонски билет досега чинел 30 долари, додека за новата програма за електрични велосипеди годишниот билет ќе чини само 33 долари.
Со цел цената на билетите да биде толку ниска Градот Стокхолм одлучи да ја финансира програмата со поставување улични реклами. Ќе бидат поставени 280 двострани рекламни паноа и 70 дигитални на кои ќе се прикажуваат анимирани содржини.
Сите 5.000 конектирани електрични велосипеди ќе стојат на 300 паркинг места, ќе може да се изнајмат преку апликација. Со секој годишен биле во пакет ќе иде батерија, која ќе си ја носите со себе. Доколку не сакате велосипедот да го користите како електричен, не мора да ја ставате батеријата или да ја носите со себе.
(TreeHugger)