Годинава се регистрирани 450 илјади финансиски измами преку социјалните мрежи

- Advertisement -

Сајбер криминалците најмногу ги користат мрежите на Facebook и Twitter, а од годинава зачестени се и измамите преку Instagram, LinkedIn и Snapchat

Финансиските измами преку социјалните мрежи оваа година двојно се зголемиле во споредба со 2016 година и ова е доста загрижувачки бидејќи сајбер криминалците си најдоа нов начин на пронаоѓање жртви и шанси за брза „заработка“. Најмногу ги користат мрежите на Facebook и Twitter, а од годинава зачестени се и измамите преку Instagram, LinkedIn и Snapchat.

Поточно, во првите седум месеци од 2017 година, според извештајот на ZeroFOX, нападите достигна број од 437 165, кој во целата 2016 година изнесуваше 250 000. Оние што стојат зад овие измами, имале шанси да „заработат“ скоро 181 милион долари.

- Advertisement -

Оваа година 18 175 луѓе добиле пријава за сајбер измама и секој од нив претрпел финансиска штета во просек од 414 долари. Исклучително добра заработка за некој кој не ги троши своите ресурси за да заработи пари, туку „игра“ на наивноста на луѓето кои ги мами.

Исто така, социјалните мрежи не се единствениот начин на кој овие измамници доаѓаат до своит жртви. Имено, кога не можат да ви пристапат преку Facebook, Twitter и останатите мрежи, хакерите користат податоци од жртвите и испраќаат директни СМС пораки. Кога еднаш ќе кликнете на линкот од пораките, нема враќање, особено ако веќе ве пренасочиле кон веб страницата.

- Advertisement -

За жал, бројот на луѓето кои се измамени нема да се намали бидејќи секоја година бројот на корисниците на социјалните мрежи се зголемува.

(ICT Business)

Сподели!
- Advertisement -