Оскаровецот Леонардо ди Каприо ќе донира 5 милиони долари за Амазон

- Advertisement -

Познатиот актер и филантроп Леонардо ди Каприо најави дека неговата хуманитарна организацја „Алијанса за Земјата“, која минатиот месец ја основаа ди Каприо и филантропите Лорин Пауел и Брајан Шет, ќе донира пет милиони долари за „зачувување на белите дробови на планетата“.

Според соопштението, парите ќе бидат дистрибуирани во пет локални организации кои се занимаваат со ова прашање. На веб-страницата на организацијата пишува дека оваа иницијатива е одговор на масовните пожари кои последните недели го зафатија Амазон.

- Advertisement -

На својот Instagram профил Леонардо ди Каприо вети дека 100% од донацијата ќе отидат во избрани хуманитарни организации. Дикаприо долги години се занимава со еколошки активности. Кога имаше само 24 години овој познат актер основаше своја фондација во 1998 година, која беше непрофитна организација и беше посветена на ширењето на еколошката свест.

Сподели!
- Advertisement -