Саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман објави дека ќе создава џиновска зона за економски развој со површина трипати поголема од Кипар. Според проекците, во неа ќе бидат инвестирани 500 милијарди долари
Проектот има за цел во Саудиска Арабија, која се соочува со буџетски проблеми, да ја диверзифицира економијата затоа што е премногу зависна од нафта, а цената на нафтата последните три години е во постојан пад.
Новата економска зона ќе се наоѓа во северозападниот дел на Саудиска Арабија, на ЦРвеното Море, а некои делови ќе се граничат со Јордан и со Египет. Принцот Мохамед бин Салман наведе дека во идните години ќе се инвестираат повеќе од 500 милијарди долари.
Со подршка на странски инвеститори економската зона ќе се занимава со секторите енергетика, вода, биотехнологија, храна, ИТ, медиуми и забава. Саудиска Арабија е најголемиот светски извозник на нафта, но поради драстичниот пад на цената на нафтата од 2014 година наваму бележи буџетски дефицит.
(Bizlife)