Грешки кои ги прават скоро сите стартапи, а можат да ги избегнат

- Advertisement -

Пазарот може да биде немилосрден, поради што дури 75% од стартапите пропаѓаат. Ова треба да го знае секој кој ќе се одлучи да започне нов бизнис!

Според она што го советуваат најголемите експерти во светот на бизнисот, ќе издвоиме неколку чекори кои можат да бидат суштински во започнувањето бизнис.

  1. Тестирајте го пазарот. Не започнувајте со нешто што веќе постои и бележи успех на пазарот. Понудете нешто ново но најпрво проверете го пулсот на пазарот и откријте што е тоа што би можело да помине најдобро. Би можеле ли да победите на некој напревар доколку претходно не се подготвите добро? Најверојатно не.
  2. Пронајдете инвеститори. Тоа е како да барате животен партнер. Обидете се тоа да биде некој со кого добро ќе се сложувате и со кого ќе можете да го споделите секое мислење дури и кога е негативно. Значи, некој со кого се чувствувате удобно. Такво нешто не е лесно но посветете се на потрагата и не се задоволувајте со првата личност која ќе ви понуди пари. Секој инвеститор не може да ја погледне пошироката слика и може да ве спречи во плановите.
  3. Иновативност и проширување. Дури 78% од извршните директори ја сметаат иновативноста како еден од најважните фактори за раст. Покрај тоа, 40% навеле дека растот на бизнисот зависи од проширување на понудата и услугите. Значи, поуката од овие проценти е јасна.
  4. Внимавајте кого вработувате. Личности кои немаат работна етика и не ја сфаќаат вашата визија можат да ви го уништат бизнисот. Затоа, создадете интерес за вашите вработени и за нивните навики. Губење на време со погрешни личности во бизнисот значи и губење на пари.
  5. Внимателно постапувајте со парите. Направете јасен бизнис план, направете си сметка и не отстапувајте, барем не на почетокот. Не е потребно да се потенцира што ќе се случи доколку ги трошите парите на компанијата без план.
  6. Не игнорирајте ги податоците. Ако бројките покажуваат дека нешто нема смисол, не бидете тврдоглави и не работете по свое. Прилагодете се, истражете, информирајте се и правете напори бројките да тргнат во ваша корист.
  7. Премногу брз раст. Дури 74% од пропаднатите стартапи не знаат како да постапуваат во ситуации кога бележат забрзан раст. Парите ги трошат однапред, а кога ситуацијата ќе се стабилизира, благајната останала празна. Не дозволувајте да ве понесе ситуацијата, строго држете се до вашиот бизнис план.
  8. Страв од неуспех. Тој што се плаши од неуспех, се плаши и од ризик, а ова е рецептот за неуспех. Доколку сте една од тие личности, размислете добро дали да се впуштете во светот на стартап бизнисите.

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -