Вирози и како да се заштитиме од нив? Има ли домашни производи со витамини за зголемување на имунитет?

- Advertisement -

Најсигурен начин за заштита од вирози се витамините и храната, односно внесувањето прехранбени производи богати со широк спектар витамини. Наспроти верувањето дека зимата, ладното време или пак премините од една во друга сезона се погодни за појава на вирусни инфекции, сепак вирусите се појавуваат, а подложноста на организмот зависи од тоа колку е отпорен и колку имуниот систем може да се избори со вирусите. Затоа секој докторски совет започнува и завршува со начинот на живот, навиките, изборот на прехранбени производи и внесувањето витамини.

Едноличната исхрана директно влијае на забавување на метаболизмот, но и до таложење на токсини кои може да станат товар за имуниот систем. Затоа е потребно подобрување на имунитетот  со правилна и избалансирана исхрана.

- Advertisement -

А правилната исхрана за силен имунитет подразбира поголемо внесување овошје, зеленчук, протеини, витамини, а избегнување нездрави масти, шеќери, адитиви и вештачки вкусови. Едноличната исхрана може да доведе до тоа да во организмот недостигаат хранливи материи кои се неопходни за подигнување на имунитетот, а пред се витамините А, Д3, цела група Б витамини, Е, цинк, селен, фолна киселина. Затоа доколку не преферирате одредена храна, зеленчук или овошје, што ги содржи овие витамини и хранливи состојки, истите може да се внесат и преку готови производи кои ги консумираме секој ден и на тој начин да се надополни недостатокот. На нашиот пазар има доста домашни производи чиј состав е збогатен со витамини за зголемување на имунитетот. Има суплементи, но исто така бројни прехранбени производи најчесто лебови, специјални со чиа или хељда, какао и други напитоци, гранола плочки, бисквити, каде овие витамини се дел од производот и го збогатуваат составот. Тука може да се надополни и важноста од внесувањето млечни производи, затоа што преку пиење чаша млеко или јогурт како на пример Битолски јогурт со 10 витамини, во организмот се внесуваат протеини и витамини исто толку важни за зајакнување на имунитетот. Дополнителните витамини го поттикнуваат градењето силен имунитет и здрав организам.

А што значи паднат имунитет и зошто слабиот имунитет е толку опасен. Пад на имунитетот претставува намалување на способноста на организмот да се спротивстави на одредени инфекции, вируси и бактерии. Организмот е ослабен и нема веќе способност за неговите антитела да се изборат со надворешните причинители како што се вирусите, бактериите и токсините. Тоа доведува до изразени реакции на телото на инфекциите, што во некои случаи може да биде и сериозно.

- Advertisement -

Имунолошкиот систем го штити телото од разни причинители, а истиот се гради со исхрана богата со витамини, минерали, протеини.

Сподели!
- Advertisement -