Човечките солзи и плунката се уште еден извор на обновлива енергија

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Лимерик од Ирска открија дека кога кристалите ќе се притиснат меѓу два стаклени ѕида, се ослободува енергија наречена пизоелектрицитет, односно енергија ослободена поради механички притисок

Научници открија уште еден неверојатен извор на зелена енергија. Благодарение на протеинот наречен лисозим, кој се излачува во плунката и солзите, сега може да се генерира енергија од плунката и солзите. Лисозимот е присутен во плунката, солзите, слузта и белките од јајцата, а станува збор за ензим кој ги разложува ѕидовите на клетките на бактериите. Но, кога е во форма на кристали може да се манипулира за да се добие струја.

Научници од Универзитетот Лимерик од Ирска открија дека кога кристалите ќе се притиснат меѓу два стаклени ѕида, се ослободува енергија наречена пизоелектрицитет, односно енергија ослободена поради механички притисок.

- Advertisement -

„Пизоелектрицитетот се користи насекаде околу нас, но капацитетот да се генерира струја од овој протеин досега не беше истражен. Сепак, бидејќи е биолошки материјал, не е токсичен и може да има многу иновативни примени како електроактивни антибактериски премази за медицински импланти“ велат истражувачите.

Според тимот, ефикасноста на кристалите на лисозимот е слична на кристалите на кварцот, кои се познати по пизоелектричната способност уште од доцниот 19-век. Но, кварцот не е биолошки материјал, па постоењето еквивалент во човечкото тело отвора врата до многу нови пизоелектрични импланти. Доколку идните истражувања се покажат успешни, ирските научници предвидуваат нова ера на флексибилна електроника која ќе собира енергија. Тоа ќе значи нови имплани кои испуштаат лекови во телото, а се контролирани и напојувани со енергија преку сензори кои го детектираат лисозимот под кожата.

- Advertisement -

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -