Мате Римац дели стипендии за СТЕМ: кои се условите и колку пари дава

- Advertisement -

Со почетокот на новата академска година од Rimac Technology соопштија дека почнуваат своја програма за стипендирање. „Rimac Technology ја препознаваат важноста на инвестирањето во образованието во СТЕМ областите со цел развој на економијата и целокупното општество. Со овие програми за стипендирање сакаме да дадеме придонес за развојот на младите – потенцијални идни иноватори, претприемачи и вработени во ИТ секторот во Хрватска“ порачуваат од компанијата.

Така, тие бараат 15 студенти со диплома од СТЕМ областите (електротехника, компјутерски науки, машинство, математика, физика, хемија, инфорамтичко и програмско инеженрство и другите подрачја од природните и техничките науки релевантни за Rimac Technology).

- Advertisement -

„Нудиме шанса за редовно стипендирање во износ од 232,27 евра месечно во времетраење од една академска година. Евентуалното продолжување на стипендијата ќе се рзгледа на крајот на академската година. Конкурсот е отворен за редовно запишани студенти на акредитираните универзитетски установи во Хрватска“ доаваат од Rimac Technology.

Како што објаснуваат, стипендистите ќе имаат прилика да учествуваат во иновативни проекти за електрификација на автомобилската индустрија. Преку стипендиите на Rimac Technology ќе напредуваат во динамична средина. Во зависност од афинитетите и потребите, стипендистите ќе можат да изберат поле за стручна пракса, изработка на дипломски труд и семинарски работи.

- Advertisement -

Пријавите се отворени до 2 октомври, а од Rimac Technology истакнуваат дека во селекциската постапка, односно тестирање и итервјуа, ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Rimac)

Сподели!
- Advertisement -