Американскиот синџир од малопродажни продавници Walmart наскоро во своите продавници ќе почне да тестира роботи, кои би требало да помогнат во следењето на состојбата со залихи на полиците и така да се реши еден од проблемите поради кои оваа компанија годишно губи дури 3 милијарди долари.
На почетокот роботите би требало да ги прегледуваат полиците за производи кои веќе ги нема на залиха, а ќе ги проверуваат и изнаките на производите и ќе преупредуваат на погрешни етикети или погрешно напишани цени. Кога роботот ќе наиде на проблем, веднаш ќе ги извести вработените, кои празните полици повторно ќе ги наполнат со стока од складиште, односно ќе ги променат погрешните етикети и цени.
Walmart роботите досега ги тестираше во мал број продавници во три американски држави, а сега најавија ширење на тестирањето на дополнителни 50 локации. Ова нема да бидат хуманоидни роботи кои ќе изгледаат како вработени туку роботи кои се состојат од основа за движење и тело на кое се сместени камери со кои ќе се скенира ситуацијата на полиците.
Исто такаTakođer, од Walmart посебно нагласуваат дека роботите не се замена за човечката работна сила туку дека комбинацијата од луѓе и технологија ќе овозможи подобро и поедноставно искуство за потрошувачите, а повеќе нема да имаат и проблем со залихите. „Ова е само уште еден пример на кој начин технологијата може да им заштеди време на вработените, но и на купувачите“ велат од Walmart.
(Zimo)