За да ги поттикне возачите да возат побавно, а со тоа и побезбедно, градот Исафјордур во севернозападен Исланд инсталираше оригинален пешачки премин кој навидум изгледа како да лебди над асфалтот.
Презентиран минатиот месец, станува збор за проект за безбедност на патиштата кој го започна Канцеларијата за животна средина на градот. Раководителот на канцеларијата изјави дека бил инспириран од сличен нацртан пешачки премин во Индија кој изгледал како да лебди.
Нивната цел е да пронајдат решение кое нема да застане само на лежечки полицајци бидејќи анализите покажуваат дека лежечките полицајци придонесуваат кон загадувањето на воздухот. Некои возачи, пак, се жалат дека преминувањето преку лежечкиот полицаец со возилото е причина за болка во грбот.
Градот ангажираше локална компанија за изградба на тротоари која успешно го направи пешачкиот премин да изгледа како оптичка илузија на еднонасочна улица во центарот на градот. Од компанијата велат дека моментално експериментираат и со рефлективна, блескава бела боја за да може 3Д ефектот на пешачкиот премин да биде видлив и преку ноќ.
(World Economic Forum)