Српски студенти и професори направија робот кој ќе негува стари лица во Кина

- Advertisement -

Студенти и професори, соработници на Центарот за роботика на Електронскиот факултет во Ниш, завршија со иработката на робот кој наскоро ќе се користи во кинески домови за стари лица. Роботот направен на Електронскиот факултет, според зборовите на професорите од факултетот, е единствен по тоа што е 5-6 пати поевтин од сличните роботи на светскиот пазар.

„Докажавме дека робот може да се направи за 1.500 евра и добро да работи. Слични роботи на пазарот чинат најмалку 10.000 евра. Роботот е направен со цел да ги замени негувателите во големите домови за стари лица во Кина. Роботот може да ги замени луѓет во едноставни активности како носење лекови и апарати за мерење притисок“ вели професорот Горан Ѓорѓевиќ од факултетот.

- Advertisement -

Според него, со роботот значително би се заштедило време за врешење некои репетитивни активности, па негувателите ќе можат да се посветат на лицата на кои навистина им е потребна нега. Идејата за изработка на евтин робот за старечки домови е од експерти од Швајцарија, а американска компанија пробала да организира развој на робото на универзитет во Калифорнија. Тој обид не успеал и факултетот во Ниш ја добил работата во конкуренција со еден кинески универзитет. Развојот и изработката на роботот траеле речиси една година.

Кинески компании се заинтересирани роботот на научници од Ниш да го изработуваат во големи серии и во тек се преговори за производство со компанијата која го финансирала неговото проектирање. Експертите од Ниш и понатаму ќе работат на усовршување на роботот.  Роботот сега има екран преку кој корисниците можат да комуницираат со негувателите или со членови од семејството.

- Advertisement -

Во план е на тој екран да може да се гледа телевизија или да се користи како екран за компјутер. Роботот самостојно се движи и тоа така за да не истури иедна чаша вода која ја носи. Составен дел на роботот е и мал фрижидер за чување лекови на ниски температури. Има и сијаличка и може во случај на прекин на струја да ги алармира негувателите или  некој друг.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -