Речиси 200 земји ќе се соберат во Германија за да ги потврдат мерките за климатските промени

- Advertisement -

Конференцијата COP21 резултираше со креирањето на Парискиот климатски договор, а сега, две години подоцна, светските лидери ќе се сретнат во Бон, Германија, за да дискутираат за мерките против климатските промени на конференцијата COP23. Ќе се дискутира како може да се забрза имплементацијата на зададените таргети без поддршка од САД. Како што пренесува Inhabitat, на средбата ќе бидат присутни делгати од повеќе од 200 земји.

Премиерот на Фиџи ќе биде претседател на конференцијата COP23, која ќе се одржува од 6 до 17 ноември. На средбата нема да бидат присутни само лидери на држави туку и претставници од градови, бизниси и граѓански организации. Според BBC, ќе дојдат околу 20.000 посетители и делегати. Меѓу говорниците ќе бидат пионерот на Solar Impulse, Бертранд Пикар, специјалниот пратеник на Обединетите нации – Мајкл Блумберг и актерот Арнолд Шварценегер.

- Advertisement -

Иако претседателот Доналд Трамп ги исфрли САД од договореното во Париз, земјата нема да може да се исклучи до 2020 година, па ќе биде присутен и американски тим. И покрај тоа, некои претставници на амдинистрацијата на САД ќе поддржат настан во рамките на COP23 на кој ќе се промовираат фосилните горива и нуклеарната енергија како начин да се намалат ефектите од температурите кои се во пораст.

Директорот на Меѓународниот институт за екологија и развој, Ендрју Нортон, истакна дека идеjата фосилните горива ќе помогнат да се спречат климатските промени е повеќе од апсурдна. „Овие разговори не се место на кое треба да се турка агенда за фосилни горива. САД треба повторно да седне на заедничка маса и да помогне за побрзо намалување на емисијата на штетни гасови“ порача Нортон.

- Advertisement -

Американски гувернери, градоначалници и бизнисмени ќе присуствуваат на конференцијата под заедничка капа како дел од We Are Still In coalition за да му покажат на светот дека голем дел од САД надвор од федералната влада се уште го поддржува Парискиот договор.

Сподели!
- Advertisement -