Марами испечатени со загадување од воздухот

- Advertisement -

Сајтот PSFK пишува дека холандскиот дизајнер Кели Гијсен креираше колекција рачно ткаени марами, а дизаните на нив се испечатени со мастило направено до загадувањето на воздухот, поточно од издувните гасови на возилата. Собраните саѓи од возилата се процесирaат и се претвораат во прекрасен црн пигмент.

Гијсен ги претстави марамите на годинашното издание на Dutch Design Week. Air Ink, како што се нарекува, досега се користеше за печатење на хартија и за ѕидови. Исто така, со него се правеа билборди, но никогаш не е употребен за нешто што се носи како дел од облека се до проектот на Гијсен.

- Advertisement -

The Graviky Labs е индиски стартап основан од студенти на МИТ, кој го креира Air Ink од емисијата на јаглерод диоксид од возила и од оџаци. Процесот почнува со уредот кој го произведоа самите – Kaalink, кој ги лови саѓите. Потоа саѓите се прочистуваат од тешките метали и канцерогените елементи. 

Марамите на Гијсен се рачно направени од страна на ткајачи во Индија. Во контекст на потеклото на мастилото кое се користи за печатење, Гијсен користи автомобилски гуми и други уникатни методи за креирање на богатите дезени на марамите.

Сподели!
- Advertisement -