Јапонска компанија направи преносен тоалет за области погодени од катастрофи

- Advertisement -

По двата разорни земотреси во Јапонија, компанијата за дизајн Nendo креираше преносен тоалет кој е дизајниран да се користи во ситуации кога има природни катастрофи. Кога ќе има некоја природна непогода има ограничени ресурси на храна и вода и фокусот се става на преживување и комуникација со саканите. Ресурсите и човечката сила се користат за најприоритетните работи за барем малку да се вратат работите во нормала.

Можеби изгледа како нешто едноставно или се зема здраво за готово, но во такви ситуации и вршењето на физиолошките потреби е проблем. Но, тоалетот minimLET го решава и тој проблем. „Најбитно во тие моменти е да се најде место за евакуација, да се врати транспортот, да се набави храна, да се врати електричната мрежа, но има и недостиг од тоалети“ се вели на страницата на Nendo.

- Advertisement -

Повеќето од деловите на minimLET се направени од предмети кои може да се најдат на места погодени од катастрофа или од итните служби. Сите делови доаѓаат во торба, а се состојат од: дел за седење во форма на буквата С, парче најлон и пластични кеси.

Сподели!
- Advertisement -