Иако биткоин доживеа драматичен пад на вредноста во изминатите неколку дена, 2017 година ја обележаа повеќе драстични скокови на цената. Но, со зголемувањето на вредноста расте и потрoшувачката на енергија. Според аналитичарот на криптовалути Алекс де Ври, уште познат како Дигикономист, би било профитабилно секоја година да се трошат 24 терават-часови енергија (што е еднакво на годишната потрошувачка на енергија на една нација од 186 милиони жители како Нигерија) за да се „рудари“ биткоин секоја година. Дури и едноставните трансакции на биткоин консумираат многу енергија. За да се извршат отприлика 300.000 трансакции на биткоин дневно се трошат 215 киловат-часови или приближно онолку колку што троши едно просечно американско семејство за една недела, пренесува Inhabitat.
Биткоините се креираат со „рударење“, процес кој што вклучува моќен компјутерски систем за да може да се решат многу сложени криптографски сложувалки и да се произведе биткоин. Цената на биткоин е пропорционална со количината енергија која може профитабилно да се потроши за да се екстрахира биткоин. Когa расте цената, „рударите“ мора компензираат со додавање дополнителни компјутерски компоненти, а со тоа се покачува сметката за струја. Се проценува дека денес енергијата што се троши за екстракција на биткоин на глобално ниво може да напои 821.940 просечни американски домаќинства.
Што значи оваа консумација на енергија за климатските промени?
Само еден „рудник“ за биткоин во Монголија, кој се напојува со енергија од јаглен, за само еден час произведува штетни гасови еднакви на 203.000 поминати со автомобил. Дигикономиств вели дека blockchain е неефикасна технологија, што значи дека градиме доверба на систем базиран на недоверба. Трансакциите со биткоин се илјадници пати помалку ефикасни отколку трансакциите со кредитни картички. Во овој нов свет на биткоин се чини дека доколку не се направат драстични промени, криптовалутата ќе продолжи да консумира енормни количини енергија.