Од лушпите од бадеми може да се добиjaт енергија, пластика и – пиво!

- Advertisement -

Во последните неколку години интензивно расте производствот од бадеми затоа што во светот се прочу за нивните бенефити врз здравјето на луѓето. Зголемената употреба на ова овошје резултира со голем отпад од лушпите, а тоа поттикна бројни експериментирања за нивна употреба 

За секој половина килограм бадеми се добиваат 2 килограми лушпи. Тие главно се користат како храна за кравите, но поради се поголемото производство на бадеми, а пад на млечната индустрија, земјоделците сега бараат други решенија.

Производството на биогориво е уникатно и позитивно решение, но бидејќи цените на една плантажа за бадеми се прилично високи, ова не е најпрактично решение. Тоа доведе до барање нови методи за рециклирање на лушпите од бадеми. Екстракцијата на шеќер од нив може да го задоволи растечкиот пазар за крафт пива и сокови. Иако шеќерот добиен од лушпите е горчлив, сепак многу производители на пиво го додаваат во производниот процес. Со оглед на тоа дека ова е здрава алтернатива за сирупот од пченка, може да се дава и како храна на пчели.

- Advertisement -

Доколку лушпите се претворат во прав, тој ќе може да се користи на повеќе начини што ќе ја намали употребата на нафта. Комбиниран со биомаса правот може да се користи за правење биопластика, од која, ќе се добиваат поцврсти и потрајни производи. Нафтата, која се користи за правење пластика, им ја дава црната боја на гумите, но правот од лушпите од бадеми може да ја замени и во тој процес.

Поради интензивните истражувања за нови рециклирачки примени на лушпите од бадеми ќе се формираат и многу стартапи кои ќе сакаат да ги искористат приликите на овој пазар. Производството на бадеми нема да се намали во блиска иднина бидејќи се повеќе луѓе се префрлаат на здрава исхрана.

Сподели!
- Advertisement -