Кина гради полициска станица во која ќе работи само вештачка интелигенција

- Advertisement -

Кина објави дека во еден од своите поголеми градови, Вухан, ќе отвори полициска станица во која ќе работи само вештачка интелигенција. Со ова уште еднаш докажува дека ниедна друга земја во светот не ја прифаќа и имплементира вештачката интелигенција како нив.

Станицата ќе биде дизајнирана за претежно да се занимава со работи врзани за возачите и моторните возила, па главно ќе функционира како Оддел за моторни возила. Со помош на симулатор ќе се тестираат возила, ќе се врпи регистрација и ќе има најнапредна технологија за скенирање лице развиена од Tencent пренесува The Next Web.

- Advertisement -

Станицата ќе биде отворена за јавноста 24/7. Можете ли да замислите како би било да се расправате со административни работи без да се фрустрирате? Луѓето ќе можат да го користат лицето за идентификација. Се чини дека луѓето што ќе ги користат услугите на полициската станица нема да мора да чекаат во станицата и да ставаат потписи, да поднесуваат документи итн. Вештачка интелигенција која препознава слики ќе има пристап до сите потребни информации.

Вообичаено, за да се завршат административните работи во врска со возило, возачка дозвола, лична карта и сл. денес губиме половина ден. Затоа сите со нетрпение очекуваме иднина во која ќе можеме сите тие работи да ги завршиме уште во 7 часот наутро во недела без да пополнуваме формулари или да разговараме со непристојни државни службеници.

Сподели!
- Advertisement -