Ова се најскапите градови во светот

- Advertisement -

Според податоците на полугодишното истражување на агенцијата Economist Intelligence Unit, Сингапур четврта година по ред ја држи позицијата најскап град во светот, а веднаш по него следуваат Хонгконг, Токио и Осакa

EIU оваа листа ја објавува секои шест месеци, а податоците собрани во ова истражување се наменети за пресметување на трошоците за живот на луѓето кои сакаат да го променат местото на живеење, како и за постојаните патници.Во извештајот за трошоците за живот на глобално ниво азиските градови заземаат 5 од првите 6 места, што се припишува на јакнењето на јапонскиот јен. На шесто место е Сеул, а на седмо место е швајцарскиот град Женева. Париз е на осмо место, а зад него е единствениот американски претставник – Њујорк, додека на десетто место на листата со најскапи градови за живот во светот е Копенхаген.Според истражувањето, трошоците за живот се најниски во казахстанскиот град Алмати, па потоа следуваат Лагос (Лагос), Бенгалор (Индија), Карачи (Пакистан) и Алжир (Алжир).

Истражувањето опфати 133 градови од целиот свет. Како основа за истражување е земен Њујорк, додека споредбата на трошоците за живот се базира на 160 услуги и производи, вклучувајќи ја храната, облеката и режиските трошоци.

Сподели!
- Advertisement -