Производи од риба на скопски “Метро“ почнаа да се извезуваат во Грција

- Advertisement -

 

Компанијата „Метро” од Скопје минатата недела го реализирала првиот извоз на производи од риба на пазарот во соседна Грција, по добивањето на одобрението од Европската комисија.

- Advertisement -

За магазинот InStore Јован Милошески, директор на „Метро”, посочи дека реализираниот извоз на грчкиот пазар е плод на досегашната плодна соработка со трговските партнери од оваа земја, од каде што компанијата увезувала свежа риба и морски плодови.

Добивањето на дозволата за извоз на пазарите во ЕУ, покрај постојните, отвори и нови пазари. Интерес за соработка има од компаниите од рибниот сектор од соседните, а по отворањето на европскиот пазар, и од компании од Словенија, Шпанија и од Холандија. Перспективи за развој има и во примарното производство, нам ни останува да ги подигнеме стандардите, вели Милошоски.

- Advertisement -

Минатиот петок, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ја посети компанијата и истакна дека отворањето на европскиот пазар отвора и нови перспективи за развој на компаниите од рибниот сектор во земјава, но, пред сè, ќе влијае на интензивирање на домашното производство на риба.

Преку оваа компанија, но и преку други што ќе ги исполнат европските критериуми и ќе бидат одобрени за извоз, на пазарот на ЕУ покрај производите од риба, ќе може да се пласира и риба од домашно производство, за што во процедура е добивањето одобрение за извоз на жива риба. Вратата на ЕУ е отворена, но производителите мора да ги исполнат европските стандарди за да можат да извезуваат на овој голем пазар, рече тој.

- Advertisement -

Македонија е на листата земји, чиишто објекти се одобрени за извоз на тој тип производи на пазарот во ЕУ од септември годинава. Добивањето на дозволата следуваше по извршената ревизија од инспекциски тела на ЕУ и по проверката на контролниот безбедносен систем за храна во земјава.

Сподели!
- Advertisement -