Ова се најдобрите жени претприемачи во Хрватска

- Advertisement -

По повод Светскиот ден на претпримништвото прогласени се најдобрите хрватски жени претприемачи. Мрежата на претприемачи и бизнис жени во Хрватска, Women in Adria и Институтот за развој на женското претприемништво три години по ред го организираат изборот. Годинава ги избраа најдобрите жени претприемачи во черити категории. Тоа се Јосипа Маслаќ – Петричевиќ, Слема Смајиќ, Анамарија Цицарели и Тихана Шмитран. Како што пренесува ICTBusiness, категориите се поделени според тоа колку долго претприемачите работат и имаат вработени, а сите мора да бележат континуиран раст на бизнисот.

„Годинашниот избор на најдобри претприемачи покажува колкав капацитет имаат хрватските  жени претприемачи. Сега е клучен момент тој капацитет да се искористи затоа што на Хрватска и треба претприемништво кое расте органски со калкулирано преземање ризик. Тоа се квалитетите на жените во претприемништвото. Ни најефикасните јавни сектори никогаш нема да бидат лидери во иноватини решенија, но мислам дека сега е време да се имплементира стратегијата за развој на женското претприемништво“, изјави основачот на мрежата Women in Adria, Ивана Матиќ.

- Advertisement -

За инспиративна жена претприеман на годината е прогласена Јосипа Маслаќ – Петричевиќ, сопственичка на Naftalin од Загреб. Нејзината компанија има еден од најголемите промети во текстилната индустрија. Има 75 вработени и традиција долга 35 години.

За перспективна жена претприемач на годината е прогласена Слема Смајиќ, сопственичка и директорка на компанијата Ures од Умаг. Таа компанија повеќе од 20 години се занимава со огледување билки и бобинки, хортикултура и цвеќарство.

- Advertisement -

Анамарија Цицарели, сопственичка на компанијата Interligo од Сплит, се занимава со унапредување на работата на малите претприемачи во туризмот. Клиентите на Interligo, како и самата компанија, бележат раст на бизнисот. Затоа Цицарели е прогласена за Микро компанија на годината.

За стартап претприемачка на годината е прогласена Тихана Шмитран, директорка на компанијата Amulet Studio. Тоа е продукциска компанија основана пред три години, а денес вработува петмина вработени и има девет постојани надворешни соработници. Нејзината агенција на домашните и на странските клиенти им нуди широк спектар на креативни услуги на полето на маркетингот, продукцијата и иновативните медиуми.

Сподели!
- Advertisement -