Бербата 2017 оценета со одличен квалитет на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

- Advertisement -

Осма година по ред голем број љубители и почитувачи на виното присуствуваа на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба во рамки на Фестивалот на младо вино во „Тиквеш“. Присутните претставници на димпломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот и познати јавни личности од земјава и регионот, се уверија во високиот потенцијал и одличен квалитет на виното од бербата 2017.

- Advertisement -

Да се произведат вина со висок квалитет во годината која според проценките на експертите и светските статистики беше далеку најлошата година за лозарството во Европа и пошироко во изминатите 55 години, претставува успех за почит. Тоа нѐ прави исклучително горди и задоволни и докажува дека креирањето вина со висок квалитет и вредност во „Тиквеш“ не е случајност, туку е резултат на континуирани и обемни инвестиции во најсовремена технологија и иновации. Истовремено, ова е заслуга на нашите стручни луѓе, аргономи и енолози и на нивниот ангажман и вложеното големо знаење во сите сегменти од производството, почнувајќи од лозјата, преку бербата, па сѐ до производството и чувањето на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Првите впечатоци од младите вина кај посетителите на годинешниот Фестивал на младо вино се дека тие и годинава се со висок квалитет. Ваквите првични оценки се поклопуваат со прогнозите на енолозите на „Тиквеш“ дека новите вина имаат потенцијал да освојат многу нови медали и високи оценки на реномирани светски вински натпревари.

- Advertisement -

Фестивалот на младо вино, кој веќе осум години по ред го организира „Тиквеш“, е прв и единствен од ваков вид во земјава и има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот.

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -