Се почнува во Тајван со пластични шишиња. Порано го нарекуваа Остров на ѓубрето, а сега Тајван рециклира 55% од својот отпад, во споредба со САД, кои рециклираат само 35%.Брачниот пар Кванг и Ели Дин за својата линија облека за вежбање Girlfriend Collective се одлучија суровини да побараат во контејнери.
Како што пишува A Beautiful Perspective, процесот на трансформирање на пластичните шишиња во рециклиран полиестер е фасцинантен. Пластиката најпрвин се сортира, се чисти, па се сече и се носи во мелница. Таму парчињата пластика се загреваат, се истегнуваат во дебели нишки, се сечат на пелети, па од нив се прават конци.
Кванг, кој студирал механички инженеринг со акцент на одржливоста, вели дека почнале да користат пластика за плетење на облеката затоа што тоа е правилното нешто што треба да се направи. Тој додава дека рециклираниот пластичен полиестер постои уште од 70-тите години, но брендовите не го користат затоа што е поскап и процесот е помакотрпен.
Кванг и Ели сфатиле дека можат да изградат сосема поинаков бизнис и бренд за облека за вежбање кој испраќа порака до целата модна индустрија – им наштетуваме на луѓето и на животната средина за да направиме профит. Кванг вели дека уште пред 10 години ги направиле првите органски фармерки.
Тие сега биле инспирирани да направат облека за обичната жена која не сака да биде маратонец или олимпиец. Girlfriend Collective почна во 2016 година со еден пар хеланки. Брендот не ја жртвува удобноста и квалитетот за сметка на одржливоста – нивните хеланки се меки и се прилагодуваат на формата на телото.
„Бизнисите можат да го направат правилниот избор и да станат одржливи и фер да ги третираат вработените уште од самиот старт. Сакаме да им покажеме на луѓето дека можеме да изградиме долготраен бренд и да привлечеме клиенти и истовремено да поставуваме правилно“ порачуваат тие. ”
Нивната облека се произведува во фабрика со сертификат SA8000, односно има строги правила за користење деца за работа, за безбедност, за работно време, за дискриминација и за висина на плати. Вработените во Girlfriend Collective од старт имаат 125% од локалната минимална плата, иако нивните просечни работници земаат многу повеќе од тоа.