Електронска чаша за коктел прави водата да има вкус како друг пијалак

- Advertisement -

Оваа нова чаша за коктел ќе ве прелаже дека пиете нешто друго, а всушност вие пиете – обична вода. Чашата има трислојна стимулација на сетилата на луѓето, а е изум на иноваторот Нимеша Ранасинге. Чашата Vocktail – виртуелен коктел – содржи ЛЕД светла кои ја менуваат бојата на течноста внатре. Дури и само бојата има импресивно влијание врз сетилата за вкус.

Но, чашата има и мали пумпи на рабовите кои прскаат различни вкусови и уште повеќе придонесуваат за илузијата. Сепак, најимпресивната технологија кај чашата се електродите кои исто така се на работ, а имаат функција да го допираат јазикот и да го менуваат вкусот на пијалакот.

- Advertisement -

Во текот на работата на Националниот универзитет во Сингапур, Ранасинге експериментирал со електричните сигнали и нивниот ефект врз сетилата за вкус. Со модулирање на електричниот тек тој може да направи јазикот да чувствува посебни вкусови.

Сподели!
- Advertisement -