Во Мексико ќе се генерира најевтината соларна енергија во светот

- Advertisement -

Мексико е на пат да ја генерира најевтината соларна енергија во светот – цените ќе бидат минимум 1,77 центи за киловат-час. Министерството за енергија на Мексико ги објави компаниите кои се избрани да се натпреваруваат со проекти за обновлива енергија и цените по кои ќе се продава енергијата. Најниската цена за соларна енергија во Мексико ќе биде 1,77 центи за киловат-час и се очекува да се намали на 1 цент до 2019 година. Во последната рунда беа одобрени 15 понуди од осум компании за соларна енергија и енергија од ветар меѓу кои Canadian Solar, ENEL Green Power и Mitsui.

Inhabitat пренесува дека избраните проекти ќе бидат приклучени онлајн и ќе почнат да продаваат енергија до 2020 година. Овие и останатите проекти се голем чекор напред кон реализација на целите на Мексико според Парискиот мировен договор., како и за регионалните цели на Мексико, САД и Канада. Во 2016 година трите земји се договорија до 2025 година најмлаку 50%  од енергијата што ја користат да доаѓа од обновливи извори. Канада е на пат да ја оствари целта, додека Мексико продолжува да го збогатува портфолиото со обновливи извори. САД се уште заостанува со спроведувањето на договорот.

- Advertisement -

Цената на соларната енергија во Мексико ги надминува очекувањата на скептиците кои веруваа дека таквите цени се невозможни во земја како Мексико. И поркај економските предизвици, Мексико докажува дека евтината обновлива енергија може да се произведе во кој било дел од светот и да се исполнат целите од Парискиот мировен договор, иако некои земји како САД одбиваат да учествуваат.

Сподели!
- Advertisement -