ТВ водителката Марија Георгиевска со признание – медиумски промотор на општествената одговорност

- Advertisement -

 

Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата доделија признание на Марија Георгиевска, уредник и водител на економската емисија ПРОФИТ,на Наша ТВ,за 10-годишната работа како активен медиумски промотор на општествената одговорност на компаниите. Воедно и долгогодишна членка на жири комисиите, како претставник од медиумите, за проценка на проектите на компаниите при апликативниот процес за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики.

- Advertisement -

Медиумите имаат значајна улога во процесот на осознавање на општествената одговорност. Поддршката што индиректно ја даваат преку пренесување на информации поврзани со активности на ова поле, како од страна на Министерството за економија, преку КТООП, така и преку она што го работат компаниите,е клучна и придонесува да се создаде перцепција дека ова е многу важно за сите чинители на стопанството и општеството, да мотивира и другите да го поддржуваат и применуваат општествено- одговорното работење.
Државата преку Министерството како орган, веќе и институционално работи и е посветена во развој на овој концепт, а во насока на поттикнување на економскиот раст.

Георгиевска вели дека тогаш никој не го разбирал овој концепт и требало многу работа за да се објасни и разбере суштината и потребата, за што сите членови на Телото работеле посветено, со логистиката на Министерството за економија.Од 2007 година се создава основата на опстојувањето на овој концепт во Македонија, преку Телото, националните документи, стратегии, создадена е награда, наречена и „Македонски Оскар за ООП“ за да мотивира и да го сврти вниманието на компаниите.

- Advertisement -

„Медиумите тогаш немаа интерес за следење на она што се прави на полето на општествена одговорност, додека уредниците не гледаа атрактивност во настаните и во информациите поврзани за ооп. Се радувам што сум дел од овој процес и што заедно со моите колеги од Координативното тело опстојавме на овој пат.Мојата одговорност како новинар беше уште поголема сите овие години, да пренесам на компаниите и да предочам за придобивките кои ќе ги имаат. Преку економската емисија „ПРОФИТ“, продолжувам да го промовирам овој концепт кај компаниите“ вели Георгиевска.

- Advertisement -

Оваа година се заокружи 10- годишниот период откако на ова поле се работи од страна на Министерството за економија и Координативното тело за ООП.

Почнавме пред 10 години, охрабрени од странските организации, бевме упорни и вредно работевме на едукација,за да навлеземе во суштината на овој концепт, да ги собираме напредните искуства, да работиме на подигање на свеста кај компаниите. И полека, но сигурно успеавме да покажеме дека прво ние како членови на Координативното тело, сме општествено одговорни, бидејќи 10 години работиме волонтерски, потоа и на компаниите кои полека, почнуваа да креираат проекти со кои ќе покажат дека се одговорни. Успех е што домашните компании и тоа оние помалите веќе се општествено одговорни. Праксата покажува дека големите компании имаат капацитет и ресурси да го прават тоа, особено странските со пренесување на искуството од матичните земји, потешко е со домашните и малите. Но, секоја година тие покажуваат дека се посвесни и посерозни во активностите на ова поле, за што годинава добија и посебни признанија, особено оние компании кои аплицираат од самиот почеток.

Компаниите треба да го втемелат општествено одговорното работење во својата стратегија, а не да го разбираат како давање на спонзорство, еднократно. Напротив, тоа да биде модел на работење и да биде во нивната стратегија за работа. Праксата покажува, но и странските искуства дека компаниите имаат бенефит, подобрен имиџ во средината, а тоа влијае и пошироко, во нивните деловни релации за освојување на странските пазар. Многу важно е да се подготвуват и извештаи на годишно ниво за ооп, сега само мал број компании го прават тоа.

Со воведувањето на наградата пред 10 години, Македонија покажа дека е пред сите во регионот, а бевме пример за пренесување на нашите искуства на останатите земји.
Не треба да се заборави дека одговорните компании се поуспешни затоа што го подобруваа со тоа својот имиџ, ја градат лојалноста на потрошувачите, ги намалуват финансиските ризици,ја зголемуваат мотивираноста и продуктивноста кај вработените и со тоа ги подобруваат и пазарните перформанси.
Ваквите проверени ефекти, треба да ги мотивираат компаниите да работат одговорно и да се стремат кон одржлив развој.

 

Сподели!
- Advertisement -