Во Србија се одржува првата уметничка изложба во виртуелна реалност

- Advertisement -

Првата уметничка изложба во виртуелна реалност во Србија, „Fidelium”, на авторот Милан Марковиќ почнува во вторник, 28 ноември, во Белград. Влезот е бесплатен. Организаторите на изложбата се одлучија за несекојдневен концепт за изложбата затоа што тоа е спој на традиционалниот и модерниот начин на претставување на ументичките дела. Покрај изложувањето на делата на уметниците во реален простор, по прв пат посетителите во Србија ќе имаат прилика целиот уметнички опус на креативците да го видат во виртуелна реалност со помош на VR уреди.

На изложбата во реален простор својата работа ќе ја изложат 10 успешни и афирмирани уметници од помладите генерации, пренесува Bizlife. Целта на необичната изложба е да се засили нивното претставување во јавноста и да воспостават успешна комуникација со публика од земјата и од странство. Според зборовите на авторот на изложбата, Милан Марковиќ, уметниците денес се соочуваат со предизвикот да ги прилагодат содржините на културата на модерниот човк, кому технологијата му го промени начинот на живот, а истовремено да останат доследни на себеси и на својата естетика во текот на креирањето.

- Advertisement -

Модерната технологија навлезе во сите пори од нашиот живот, па неминовно беше тоа да се случи и со современата уметност. Fidelium e одговор на младите уметници на современите технолошки трендови кои го променија начинот на консумирање на уметничките дела. За виртуелниот дел од изложбата се погрижи компанијата VR ALL ART и нејзиниот основач Витомир Јевремовиќ. Овој белградски тим развива и платформа за виртуелна реалност наменета за уметници, галерии и музеи за изложување, истражување и создавање уметност.

Изложбата ќе биде отворена до 2 декември, а влезот е бесплатен. Промоцијата на VR, како ново средство за визуелна комуникација во контекст на изложбени поставки, а ја поддржува и владата на Србија.

Сподели!
- Advertisement -