Австралија до 2030 година ќе троши 100% обновлива енергија

- Advertisement -

Ново истражување од Alternative Technology Association покажа дека Австралија може да се префрли целосно на обновлива енергија до 2030 година, што ќе биде и поевтино и помалку ризични отколку градење нови фабрики кои трошат јаглен. Според извештајот, земени се предвид резултатите од истражувањето спроведено од Australian National University (ANU), како и најновите трендови и развојот на локалните проекти како што е Snowy Hydro 2.0 за да се превиди напредокот до 2030 година.

За националниот пазар на електрична енергија во Австралија да работи со целосно обновлива енергија потребен е капацитет од 93,3 гигават-часови, пишува Clean Technica. Доколку продолжи инсталацијата на соларни панели и фамри на ветер со исто темпо како годинава, префрлањето на обновлива енергија ќе се случи до 2040 година, а за да се случи во 2030 година треба да се работи со 80% побрзо темпо.

- Advertisement -

Освен забрзување на инсталацијата на соларна енергија и енергија од ветар, се предвидува и користење на хидроенергија за да се надомести недостигот. Се размислува за различни проекти за складирање енергија. Електричната енергија од нови фабрики кои ќе трошат јглен би чинела од 81 до 182 долари за мегават-час, а доколку се пресметаат и ефектите врз здравјето и климатските промени, таа цена се искачува на 102 до 203 долари. Во една целосно обновлива електрична мрежа енергијата ќе чини околу 93 долари за мегават-час.

 

Сподели!
- Advertisement -