Машина за перење која не троши струја, а пере за помалку од 5 минути

- Advertisement -

На сите некогаш ни треба да испереме само неколку парчиња облека, а немаме доволно за цела машина. Gentlewasher нуди решение – перење на алиштата за само пет минути со малку вода и без трошење струја. Уредот се управува со раце и може да испере до 12 маички или 8 фустани одеднаш, пишува Inhabitat. Користи околу 4 литри вода.

Особено ќе ви се најде доколку набрзина треба да исперете долна облека. Лесна е за употреба. Само приклучете црево за довод на вода, додадете детергент и почнете да вртите. По две минути перење и две минути плакнење облеката е готова. Ергономската рачка нема да ве измори во текот на вртењето. 

- Advertisement -

Gentlewasher го добила името затоа што овозможува да го продолжите животниот век на облеката со помош на патентираниот дизајн со дупчиња како саќе од пчели. Така се создава заштитен слој за облеката да не дојде во контакт со барабанот. Од компанијата велат дека нивниот производ е најодржливата и најнежната машина за алишта во светот.

Компанијата која стои зад машината е од Холандија. Gentlewasher е дизајнирана за облека која треба да се пере на рака, но може да се користи за секаков тип облека. Особено е корисна за луѓе што патуваат или кампуваат, но и доколку користите јавни перални. Компанијата вели дека нивната мисија е да развијат одржлив уред за перење за сите луѓе во светот бидејќи 5 милијарди луѓе во светот се уште немаат пристап до машини за перење. Машината може да се купи онлајн по цена од 269 долари.

Сподели!
- Advertisement -