Додека порано веганската кожа беше недостојна замена за вистинската иноватори од целиот свет сега го редизајнираат материјалот на повеќе начини не само за да ги заштитат животните туку и да да се избегне креирањето отпад. Една таква компанија е португалскиот бренд за чевли NAE.
NAE има една главна премиса – да прави чевли кои се стилски, удобни и притоа не се повредуваат животни. Основачите на компанијата Алекс и Пола Перез забележале празен простор на пазарот за вакви производи. Иако нивните чевли се направени од веганска кожа, последната зимска колекција се чизми направени од употребени воздушни перничиња од коли, а ѓоновите се направени од стари автомобилски гуми.
„Мислиме дека е многу битно да им покажеме на луѓето дека можеме да правиме цврсти чевли од материјали кои не се од животинско потекло. Сите наши производи се направени етички и се дизајнирани за на корисниците да им обезбедат удобно одење“ велат основачите.
Чизмите направени од воздушни перничиња и стари гуми се рачно лепени со лепак кој исто така не содржи елементи од животинско потекло. Според Алекс, овие чизми се поиздржливи отколку тие што се направени од животинска кожа и секако, се поодржливи. Освен колекцијата чизми направени од воздушни перничиња, NAE користат и Piñatex за некои чевли, односно материјал направен од лисја од ананас.