Мисијата која ќе тестира различни методи за чистење на вселената од отпад е подготвена за лансирање. Вселенскиот брод „RemoveDebris” ќе се обиде да исфрли мал сателит со мрежа и да тестира дали тоа е ефективен метод за „фаќањ“ на отпадот во вселената. Сондата е склопена во англиското грофовство Сари и ќе биде подготвена за лансирање на почетокот на идната недела, пренесува ВВС.
Научниците предупредуваат дека проблемот со вселенскиот отпад доведува до загрозување на вселенските летала и астронаутите. Се проценува дека има околу 500.000 парчиња отпад кои кружат околу Земјата – од огромни нецелосни сателити до потрошени ракети и нивни делови. Каков било судир може да предизвика голема штета и уште повеќе отпад.
Мисијата „RemoveDebris” ја предводи Вселенскиот центар на Универзитетот Сари. Составувањето на вселенското летало со големина на машина за перење алишта се врши во сателитскиот центар и наскоро ќе биде готово. Доктор Џејсон Форшоу, менаџер на проектот во компанијата „RemoveDebris”, вели дека „RemoveDebris“ ќе биде една од првите мисии во светот на ова поле. „Овде имаме повеќе видови технологија кои досега не се демонстрирани во вселената“ изјави тој.