Покрај многубројните држави во кои извезува македонската производна компанија Виталиа, од декември 2017 година започна со извоз и во кнежевството Монако. Производите на Виталиа можат да се најдат во маркетите и луксузните хотели во ова престижно место за живеење
„Иако станува збор за една од најмалите и најмалобрoјните држави во Европа, Монако е значајна дестинација за нас токму поради структурата на луѓето кои таму живеат. Тоа се луѓе дојдени од цел свет поради удобностите кои ги овозможува кнежевството, со дефиниран животен стил и кои се грижат за својот изглед и здравје. Станува збор за мал но селектиран пазар, каде тешко се влегува и каде постојат високи стандарди за квалитет и безбедност на производите кои се нудат. Се надеваме дека од тука производите на Виталиa ќе стигнат и на многу други далечни пазари.“, изјавија од компанијата.
Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Виталиа произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.
Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и на светската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.
Виталиа производите се извезуваат во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил итн.
Во 2018 година компанијата слави јубилеј – 25 години постоење на македонскиот пазар.