Николас Мадуро, венецуелскиот претседател, најави дека неговата држава ќе создаде сопствена криптовалута во рамките на напорите за справување со финансиската блокада воведена кон земјата, известува BBC.
Криптовалутата ќе се вика „петро“ и ќе биде поддржана од природните ресурси со кои е богата Венецуела. Државата исто така е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Мадуро ја најави оваа одлука во својата недела програма на ТВ и радио.
Венецуела во моментов се соочува со сериозна економска криза како последица на лошите економски политики на владата и падот на цената на нафтата на светските берзи. ЕУ и САД воведоа санкции кон Венецуела како резултат на насилните мерки на властите за задушување на протестите на опозицијата оваа година, при што беа убиени над сто лица.