Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ – Гевгелија (подружница Охрид)
сака да ја информира јавноста и заинтересираните невработени лица како и малите и средните претпријатија од Југозападниот плански регион дека двете платформи: Е-Ментор и Платформа за вмрежување се активни и граѓаните можат бесплатно да ги користат.
Е-Ментор (ementor.scbe-tbc.eu) е платформа каде што заинтересираните можат да добијат информации и материјали за едукација во областа на претприемништвото, односно место каде ќе се одржуваат бесплатни онлајн курсеви за претприемништво, конкурентност, подобрувањето на функционирањето на бизнисите во регионот.
Платформата за вмрежување (networking.scbe-tbc.eu) е достапна за поврзување на постоечките мали и средни претпријатија во регионот за остварување на соработка и размена на искуства како и за овозможување на комуникација и соработка меѓу компаниите и невработените лица од регионот.
Платформите се дел од проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационален бизнис консултант“ (SCBE/TBC), финансиран од Европската унија преку „ИПА програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Република Грција 2007-2013“, а во соработка со проектниот партнер Општина Охрид.
Повеќе информации за платформите заинтересираните може да добијат преку посета на веб страната на проектот: www.scbe-tbc.eu, или преку Фан страната на Facebook, како и во просториите на канцеларијата на Центар за климатски промени во Охрид која се наоѓа на ул. Димитар Влахов бр.14, кат 1, канцеларија број 12.