Роботот Сем ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд

- Advertisement -

Креаторот на вештачката интелигенција по име Сем, Ник Герицен, изјави дека виртуелниот политичар Сем ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд, пренесува Daily Mail.

Сем моментално комуницира преку Facebook Messenger, а интеракцијата со луѓето му помага да учи, како и анкетите на неговата веб страница на која напиша дека со оглед на тоа дека е виртуелен робот, не го ограничуваат ни местото ни времето. Тоа значи дека можете да му поставите какво било прашање кога било и каде било.

- Advertisement -

Роботот тврди дека пред носењето одлуки ќе ги земе предвид сите мислења и ставови и никогаш намерно нема да каже лага или да ја искриви вистинитоста на информациите. „Постои јаз меѓу она што го сака Нов Зеланд, она што го ветуваат политичарите и она што може да го направи нивната политика” порача роботот Сем.

Виртуелниот политичар Сем уште учи и неговите одговори се ограниечни, но Герицен се надева дека до 2020 година, кога ќе се одржуваат избори во Нов Зеланд, Сем ќе биде доволно напреднат за да се кандидира.

Сподели!
- Advertisement -