12 најдобри бизнис книги за 2017 година според Stanford Business School

- Advertisement -

Добрата книга е како храна за душата. Кога сакате да ја поминете вечерта дома покрај навистина добра книга, земете некоја од книгите на оваа листа кои ги препорачаа професори од Stanford Graduate Schools of Business

Исто така, доколку некој од вашите најблиски е претприемач, некоја од овие книги би била одличен празничен подарок.

1. Good to Great: Why Some Companies Make the Leap and Others Don’t – Jim Collins

- Advertisement -

Колинс и неговиот тим спровеле темелно истражување на бизниси кои напредувале во споредба со оние кои останале просечни. Тој истражува неколку концепти и бизнис митови како оној дека еден извршен директор мора да биде суперчовек за да успее. Книгата им се препорачува на сите претприемачи кои веќе започнале свој бизнис но се соочуваат со предизвици.

- Advertisement -

2. The Hard Thing About Hard Things: Building a Business When There Are No Easy Answers – Ben Horowitz

Авторот е соосновач на фирмата за ризичен капитал Andreessen Horowitz, а во својата книга тој дава практични совети кои и самиот ги научил благодарение на своето големо искуство работејќи во Силиконската долина. Книгата целосно ја оправдува својата рецензија, според која книгата нуди „мудрост за менаџирање на најтешките проблеми кои факултетите за бизнис не ги покриваат.“

- Advertisement -

3. Big Science: Ernest Lawrence and the Invention That Launched the Military-Industrial Complex – Michael Hiltzik

Не дозволувајте да ве излаже насловот на книгата. Таа е многу поинтересна отколку што изгледа. Дел од неа е биографија, дел авантуристичка приказна, а дел историска. Но најмногу, станува збор за епска приказна за науката која прераснала во нешто големо.

4. Invisible Influence: The Hidden Forces That Shape Behavior – Jonah Berger

Книгата ќе ви овозможи да погледнете позади кулисите на она што претставуваат неочекувани фактори кои влијаат врз нашите одлуки. Магазинот Fortune ја оцени книгата како „ретка бизнис книга која е информативна и забавна истовремено.

5. The 10 Laws of Trust: Building the Bonds That Make a Business Great – Joel C. Peterson

Авторот е претседател на одборот на JetBlue и тој има поминато значителен период и има вложено доста енергија и пари во создавање на бизнис култура од темел, а со книгава ќе ве научи и вас како да го направите тоа. Тој вели дека „кога компанијата има репутација на фер работење, нејзините трошоци се намалуваат. Градење на довербата помеѓу компанијата и клиентот е она во што треба да се вложи.“

6. Lead and Disrupt: How to Solve the Innovator’s Dilemma – Professor Charles O’Reilly & Michael Tushman

Компаниите Blockbuster, Kodak и RadioShack беа големи и успешни, но пропаднаа. Со овие примери, авторите на книгата дебатираат дека за да биде навистина отпорна, компанијата треба да развие способност за проширување во нови полиња, а да остане истовремено верна на своите темелни вредности.

7. Clay Water Brick: Finding Inspiration from Entrepreneurs Who Do the Most with the Least -Jessica Jackley 

Авторката поминала долги години учејќи од најсиромашните. Во својата книга таа ги потенцира најневеројатните лекции научени од најнеочекуваните места. Таа во својата книга вели дека „најдобрите претприемачи успеваат не поради она што го поседуваат туку поради она што се одлучени да го постигнат.“

8. Originals: How Non-Conformists Move the World – Adam Grant

Оваа брилијатна и поучна книга се темели на истражувачки студии исто колку што се темели и на интересни приказни за спорт, бизнис, политика, забава и друго. Книгата беше прогласена за број еден бестселер од New York Times, магазинот кој исто така ја опиша како поттикнувачка и забавна.

9. The Language of Food: A Linguist Reads the Menu – Dan Jurafsky

Станува збор за книга која е прекрасна комбинација од култура, јазик, историја и различни кујни, а истовремено книга која нема да можете да ја оставите. Не само што е информативна, туку и ќе ве поведе низ фасцинантно патување низ времето, поврзувајќи ја лингвистиката со гастрономијата. Секој кој се насладува не само на добра храна, туку и на добар збор, ќе ја обожава книгава.

10. The Fissured Workplace: Why Work Became So Bad for So Many and What Can Be Done to Improve It – David Weil

Авторот моментално е професор на Harvard Kennedy School, а претходно работел во американското министерство за труд. Преку книгава, тој става акцент на трендот на корпорациите да ги плаќаат своите вработени помалку, при тоа не грижејќи се ниту за безбедносните услови на работниците, а дава и насоки како да се поправи состојбава.

11. Bad Science: Quacks, Hacks, and Big Pharma Flacks – Ben Goldacre

Овој автор е познат по тоа што ги открива научниците кои имаат пристрасност при истражувањата и преку книгава помага да ги препознаете лошите научни студии и да ги разликувате од оние кои навистина работат наука. Книгава е популарна поради забавниот тон со кој тој им се обраќа на читателите.

12. All the Devils Are Here: The Hidden History of the Financial Crisis – Bethany McLean & Joe Nocera

Се прашувате ли некогаш што точно се случи и кога тоа се случи за да се предизвика најголемата економска криза во нашиот животен век? Авторите кои воедно се двајца од најпознатите американски бизнис новинари, ви нудат разбирилива и фасцинантна приказна за економската криза.

Сподели!
- Advertisement -