Google започна целосно да користи енергија од обновливи извори

- Advertisement -

Google успеа да ја оствари целта која си ја постави годинава, а тоа е целосно да премине на енергија добиена од обновливи извори, во овој случај енергија која доаѓа од соларни и ветерни електрани.

Со склучување на нови договори, Google си обезбеди енергија од неколку нови ветерни електрани што ја прави компанијата најголемиот купувач на енергија од обновливи извори во светот. Компанијата секоја година ќе го зголемување купувањето на енергија дури и над својата потрошувачка, пишува ICT Business.

Google веќе купува двојно повеќе енергија од обновливи извори од второпласираниот магнат на оваа листа, Amazon. До сега Google вложи 3,5 милијарда долари во обновливи извори на енергија, а договори за набавка имаат со повеќе извори ширум светот.

- Advertisement -

Цената за производство на енергија од ветерни електрани се намалува од година во година што сигурно одиграло голема улога во одлуката на Google. Освен што е поевтина од алтернативните опции, оваа енергија е еколошка и не ја загадува околината, а ако се земат предвид сите проблеми предизвикани од климатските промени, тогаш секој придонес е добредојден.

Сподели!
- Advertisement -