Младата фудбалска репрезентација награденa од ФФМ со Tissot Quickster Football  

- Advertisement -

Најдобри швајцарски часовници за најдобрите македонски фудбалери

На гала свеченоста на „Најдобрите во македонскиот фудбал 2017“, како награда за фудбалерите од младата репрезентација ФФМ ги избра часовниците Tissot Quickster Football, од „Божиновски часовници и накит“. Сите часовници беа изгравирани специјално за пригодата со логото на Фудбалската Федерација на Македонија.

- Advertisement -

Особено задоволство ни претставува што од ФФМ се одлучија за часовничарскиот бренд кој повеќе од сто години претставува најголем пријател на спортот. Брендот Tissot  во своето долго постење бил официјален мерач на времето на голем број на спортски натпревари, оттука  самиот бренд  е во силна синергија со спортот и тоа е неговиот најсилен идентитет. На младите фудбалски надежи на Македонија им посакуваме со новите часовници  да бројат уште многу успешни години како изминатата, да го победат времето и да ни донесат бројни незаборавни моменти на големи  победи“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.


Часовникот Tissot Quickster Foodbal кој ФФМ го избра за младата фудбалска репрезентација  е специјално дизајниран за прегледно да ги мери фудбалските натпревари, односно полувремињата и продолженијата. Покрај овој часовник во 1976 година, Tissot има произведено и посебна линија на часовници дизајнирани за потребите на  фудбалските судии, наречен Tissot Football Chronograph, кој имал за цел на судиите да им даде јасен увид во времетраењето на натпреварот.

- Advertisement -

Настанот на ФФМ „Божиновски часовници и накит“ го искористи како повод да му подари часовник на  најголемиот фудбалски фан во Македонија – малиот Јане Велковски.

Сподели!
- Advertisement -