Од полноќ повторно поскапуваат горивата

- Advertisement -

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09% односно за 0,74%.

- Advertisement -

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 67,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 54,5, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 43 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,02 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,333 денари.

- Advertisement -

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,03% повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517% понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Сподели!
- Advertisement -