Пластиката е тотална спротивност на зелениот и чист живот за кој се залагаме денес, но поради ниската цена и можноста за примена во мноу сфери со децении се користи и сигурно ќе продолжи да се користи. Но, се повеќе луѓе работат на алетрнативи за овој загадувач, а едно од можните решенија се алгите. Холандските дизајнери Ерик Кларенбек и Мартје Дрос направија биопластика од алги кои може да се печатат со 3Д печатач. Од алгите може да се прават секакви форми и новата супстанција е алтернативата која научници од целиот свет ја бараат со години наназад.
Холандските дизајнери ја направија пластиката со одгледување зелени алги во лабораторија, кои брзо растат и се лесни за одгледување. Алгите потоа се сушат и се процесираат до течна биопластика, која се става во 3Д печатач и може да се направи секоја посакувана форма. Овој иновативен процес може целосно да ги замени производите направени од фосилни горива.
Замената на пластиката со алги е револуционерна од повеќе аспекти, пишува GreenMatters. Од вкупно 8,3 милијарди тони пластика кои досега се произведени во светот, 6,3 милијарди тони се во отпад. 79% од нив се на депонии, каде што се потребни 600 години за да се распадне, а додека се распаѓа испушта загадувачи во воздухот. 10 милиони тони, пак, годишно завршуваат во океаните, каде што се создава микропластика која го убива морскиот свет. И самиот производен процес е голем згадувач затоа што се користат токсични материјали како бензен и винил хидрохлорид.
Од друга страна, алгите се природен чистач на загадувањето – тие го впиваат јаглерод диоксидот од воздухот, па затоа на повеќе начини се користат за чистење на околината. Со иновативната биопластика направена од алги холандските дизајнери веруваат дека можат да ја спасат планетата.