Утре ќе се одржи иновативен камп за поттикнување претприемништво кај младите

- Advertisement -

Утре на 15 декември, со почеток во 10 часот во хотелот Холидеј ин – Скопје, ќе се одржи  еднодневен „Иновативен камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини“. Натпреварот е во организација на Junior Achievement Macedonia, кој е дел од глобална мрежа JA Worlwide, која ги поттикнува и помага младите за идните работни места. Програмата е поддржана од УСАИД во Македонија.

Целта на оваа програма е да се стимулираат младите луѓе од земјава и да се поттикне нивниот претприемачки дух. Изминативе години имаше огромен одлив на „мозоци“ од Македонија, и многу млади луѓе едноставно немаа простор да ги реализираат своите амбиции. Овој натпревар им овоможува интензивно еднодневно искуство, кое има за цел да ги провери нивните потенцијали, да ги насочи за понатаму да го најдат своето место по дипломирањето, да ги научи да работат во тимови со непознати луѓе и да им ги развие вештините за презентација и едновремено вештините за креирање бизнис план. 

- Advertisement -

На годинашниот Иновативен камп ќе земат учество 140 ученици од 28 средни училишта од Крива Паланка, Куманово, Пробиштип, Битола, Охрид, Ресен, Валандово, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Велес, Берово, Струмица, Штип и Скопје. Темите на Иновативниот камп се од најразлични области, но секогаш врзани со реални бизнис проблеми.

Средношколците се поделени во тимови од петорица од различни училишта, така што никој меѓусебе не се познава. Ваквиот принцип на работа е поголем предизвик за самите деца, кои ќе имаат кусо време да се запознаат меѓусебе, да научат да работат во тимови со непознати луѓе, што донекаде е автентичен приказ за нивна понатамошна стимулација, кога во реални околности би се нашле во нова компанија во која се очекува веднаш да се вклопат и да работат. На крајот најдобрите ќе бидат рангирани и ќе им бидат доделени три пласмани прва, втора и трета награда.

- Advertisement -

„Ни претставува особено задоволство што имаме можност да работиме во Македонија, овојпат во насока на зајакнување на младите и нивно стекнување на претприемачки вештини, кои ќе им бидат потребни за да успеат во светот на работата. Ја поздравувам заложбата на Владата за постоење на силна национална стратегија за претприемачко образование и тоа е нешто што ќе овозможи побрзо остварување на посакуваните резултати. Ова прашање исто така е од суштинска важност кога станува за трансформација на економијата, отворањето на работни места и прилагодувањето на пазарите на труд кои, инаку, многу брзо се менуваат.“, изјави Каролин Џенер, извршниот директор на Junior Achievement Europe.

Иноватиниот камп претставува сериозен вовед во програмата Ученичка компанија во светот на бизнисот. Македонија е составен дел од програмите на светската мрежа Junior Achievement Worldwide, кои се спроведуваат ширум светот. Насловот на програмата е „Ученичка компанија“, која Европската комисија ја дефинираше како најдобра пракса за претприемачко учење кај учениците од средните училишта.

Сподели!
- Advertisement -